October 1, 2022 20:59
Балкан

Лидерите на земјите од Отворен Балкан се консултираа дали да одат во Брисел

Тројцата лидери на земјите од иницијативата Отворен Балкан, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ вршата меѓусебни консултации дали да одат на задутрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој треба да се одржи пред состанокот на лидерите на ЕУ. Конечната одлука ќе биде соопштена утре напладне, соопштија денеска Вучиќ и Ковачевски. Тројцата лидери денеска имаа вонреден состанок преку видеоконференциска врска.

-Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел, објави македонскиот премиер на Фејсбук.

Со слично соопштение се огласи и Вучиќ.

-Разговарав утринава со Еди Рама и Димитар Ковачевски за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Се договоривме дека по консултација со нашите влади и советници, утре напладне да ја објавиме одлуката околу тоа дали ќе присуствуваме на овој собир, кажа српскиот претседател.