October 23, 2020 05:35
Спорт

Лига Европа: Силекс се прости од Европа по пораз од косовска Дрита

Македонскиот фудбалски тим Силекс вечерва доживеа пораз на „Градски” во Скопје од косовска Дрита со 0:2 во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на Европа.

Фидан Гербеши го отвори резултатот од пенал на стартот од второто полувреме по еден несмасен старт на бекот Даниел Карчески.

Гостите добија нов поттик кога во 78. минута беше исклучен Христијан Грозданоски по втор жолт картон. Во 80. минута Адриан Лимани ја удвои предноста и стави точка на спорот.

За Силекс останува впечатокот дека одиграа слаб натпревар, а нивната игра на моменти беше навистина мачна за гледање.

Следен противник за косовскиот тим е полска Легија, со која ќе игра на гостински терен во Варшава.

Шкендија останува единствениот македонски претставник во европските натпреварувања, откако претходно вечерва го совлада Ботошани, а иста судбина како Силекс ја снајде и тетовска Ренова, која попладнево на домашен терен загуби минимално од Хајдук Сплит.