April 2, 2020 00:22
Спорт

Лига Европа: Салцбург пред елиминација, Јунајтед ремизира кај Бриж

 – Салцбург е пред елимнинација во шеснаесетфиналниот двомеч со Ајнтрахт во Лига Европа. Бундеслигашот од Франкфурт славеше на домашен терен со 4:1 за, многу веројатно, формалниот реванш во Австрија.
Манчестер Јунајтед ремизира (1:1) на гостувањето кај Бриж што, секако, е резултат што и тоа како влева оптимизам кај „црвените ѓаволи” за опстанок во фудбалска Европа сезонава.
Голема работа уште во првиот меч заврши и Интер чии фудбалери го совладаа Лудогорец во Бугарија со 2:0.
Лига Европа, шеснаесетфинале, први мечеви: Ајнтрахт Франкфурт – Салцбург 4:1, Бриж – Манчестер јунајтед 1:1, Лудогорец – Интер 0:2, Клуж – Севилја 1:1, Хетафе – Ајакс 2:0, Копенхаген – Селтик 1:1, Шахтјор – Бенфика 2:1, Спортинг Лисабон – Истанбул Башакшехир 3:1.