August 8, 2022 17:43
Спорт

Ливерпул ја прифатил најсериозната понуда за Минамино

Амбициозниот Такуми Минамино не успеа да се избори за посакуваната минутажа во редовите на Ливерпул и од следната сезона ќе настапува за друг клуб.

Јапонецот реши да го напушти „Енфилд“, а „Скај Спортс“ вечерва објави дека негова следна дестинација ќе биде Монако.

Францускиот прволигаш прифатил да плати 15,5 милиони фунти за Минамино, со што Монако ќе добие квалитетно засилување во офанзивниот дел.

Минамино започна само девет натпревари сезонава во дресот на Ливерпул, а неодамна и јавно преку интервју ги истакна фрустрациите бидејќи не бил во прв план кај менаџерот Јирген Клоп.

Јапонецот пристигна на „Енфилд“ во јануари 2020 година од РБ Салцбург, во трансфер вреден 7,25 милиони фунти.