September 23, 2019 18:21
Спорт

Ливерпул ја активираше опцијата за продолжување на договорот на Матип

Ливерпул го продолжи договорот со дефанзивецот Жоел Матип, објави „Дејли Мејл”. „Црвените” ја искористија опцијата за продолжување на соработката за уште една сезона, запишана во договорот на 28-годишниот централен дефанзивец.

Сега неговиот престој во клубот е загарантирано до летото 2021 година. Матип се пресели во Ливерпул во 2016 година, откако му истече договорот со Шалке 04. Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и го освои Суперкупот на УЕФА.

Минатата сезона, кога Џо Гомез и Дејан Ловрен се повредија, Матип одлично функционираше како партнер на Вирџил ван Дијк во центарот на одбраната.

Од почетокот на новата сезона, тој играше во три натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Клубот од „Мерсисајд” се очекува наскоро да ги продолжи договорите и на Џејмс Милнер и Жоржињо Вајналдум.

Нови вести

Влезниците за фудбалскиот меч со Словенија во продажба по цена од 50 до 200 денари

Igor

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

zane

Берлускони: Милан ме разочара

Valentina