January 24, 2021 23:01
Спорт

Ливерпул со доминатна игра славеше висока победа против Лестер

Ливерпул во можеби најдобриот натпревар оваа сезона го совлада Лестер со убедливи 3:0 и се израмни на врвот на табелата во Премиер лигата со екипата на Тотенхем. Шампионот потсети на фантастичните партии од минатата сезона и ги остави без шанси гостите предводени од Брендан Роџерс на мечот на „Енфилд“, каде Јирген Клоп ги доби назад во тимот Матип и Фабињо, кои по повредите се вратија во последната линија на „црвените“.

Лестер одигра подпросечен меч, едвај створи шанса или две и беше тотално беспомошен пред налетите и жестокиот притисок на Ливерпул. „Црвените“ поведоа со автоголот на Еванс во 21. минута, а до полувреме Жота успеа да зголеми и на 2:0.

По неколку 100% шанси кои на среќа на Лестер завршуваа во рамката од голот на Шмајхел, конечно, Фирмино успеа да погоди во 85. минута и го запечати триумфот на домашните.

 

TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/YEBr) Episode 10 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 day trial

Watch Hiyokoi Episode Full (https://animeheaven.pro/m/zmwj/ep-1) at AnimeHeaven animeheaven boruto