October 31, 2020 13:53
Спорт

Ливерпул сака да го позајми Oсман Дембеле

Јирген Клоп ќе се обиде да го засили нападот со Усман Дембеле. Премиерлигашот го бара Французинот на едногодишна позајмица од Барселона.

Дембеле иако важи за огромен талент, тој не го покажа целиот потенцијал во дресот на Каталонците изминативе три сезони. Одигра само 74 натпревари, поради честите и сериозни повреди, а го чинеше клубот 104 милиони евра. Во трансферот од Борусија Дортмунд беа вклучени и 40 милиони евра во бонуси.

Клоп нема многу добри резервни опции за напаѓачкото трио Садио Мане, Роберто Фирмино и Мохамед Салах. Тука се Дивок Ориги и Џердан Шаќири, но и двајцата се далеку зад квалитетот на тројцата првотимци.

Барселона засега нема дадено одговор по понудата од Ливерпул според која премиерлигашот ќе плати и одредена сума за позајмицата и целосно ќе ја покрие платата на фудбалерот.