June 14, 2021 04:54
Спорт

Ливерпул конечно победи на Енфилд и останува во трката за ЛШ

Ливерпул го совлада Саутемптон со 2-0 во рамки на 35.коло во Премиерлигата.

Садио Мане го постигна првиот сезонски гол на „Енфилд“ во 31-та минута од натпреварот. Победата ја осигура Тијаго Алкантара во 90. минута со својот прв гол во дресот на „црвените“.

Ливерпул сега има 57 бодови на шестата позиција на табелата и натаму се надева дека може да стигне до ТОП 4 и пласман во Лигата на шампиони, бидејќи Лестер, кој е четврти има шест бодови повеќе, но и еден натпревар повеќе.

Саутемптон е 16-ти со 37 освоени бодови.

4Anime bleach 4anime: Watch Don't Toy with Me, Miss Nagatoro Episode 2

AnimeTV chia anime tv me: Watch Umibe no Étranger Episode Full