March 5, 2021 14:10
Спорт

Ливерпул и Јунајтед ги поделија бодовите, гостинот го задржа врвот на Премиер

Во големото дерби на англиската Премиерлига, Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа без голови, во меч во кој Јунајтед ја задржа предноста од три бода на табелата пред големиот ривал. Иако немаше голови, мечот изобилуваше со многу борба, и со неколку шанси на двете страни. Ливерпул беше далеку подобар противник од Манчестер во првиот дел, додека во вториот улогите како да се променија. Ливерпул најдобрата прилика во првиот дел ја имаше преку Шаќири и Фирмино, кои не го најдоа патот до голот, додека една шанса за Фернандеш од слободен удар, која заврши за малку крај голот. Јунајтед немаше директен удар кон голот на Алисон во првиот дел. Во второто полувреме Манчестер свесно ја препушти иницијативата, и ја чекаше својата шанса преку противнапад. Во 75. минута Фернандеш ја имаше најдобрата прилика, и одбрани Алисон, а на спротивната страна опасен удар на Тиаго Алкантара, меѓутоа Де Геа одбрани. Ливерпул 68-ми меч на „Енфилд“ остана непоразен.

The King's Avatar 2 (https://kissanimeonline.com/m/qln9) Episode 12 at website https://kissanimeonline.com. See more spirited away kissanime

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu: Shin Henshuu-ban Episode 1 at website https://animeflix.nl. See more your name animeflix