February 28, 2020 08:56
Спорт

Ливерпул го совлада Тотенхем и постави нов рекорд во Премиер лигата

Актуелниот европски шампион Ливерпул продолжува сигурно да чекори кон трофејот во домашното првенство. „Црвените” вечерва го победија Тотенехм на гостински терен со 1:0 и поставија нов рекорд во Премиер лигата.

Ливерпул по 21 натпревар освои 61 бод и го сруши досегашниот рекорд на Манчестер сити од сезоната 2017/18 кога по 21 натпревар „граѓаните” имаа 59 бода.

Голот вреден три бода на вечерашниот меч со Тотенхем го постигна Роберто Фирмино во 37.минута.

Табела: Ливерпул 61 бод (21 натпревар), Лестер 45 (22), Манчестер сити 44 (21), Челзи 39 (22), Манчестер јунајтед 34 (22),…