August 19, 2022 14:03
Спорт

Ливерпул го продава Салах

Премиерлигашот Ливерпул е подготвен да го продаде својот напаѓач Мохамед Салах, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката, објавија денеска повеќе британски медиуми.

Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од 442.000 евра, што е за 186.000 евра повеќе од сумата, која за една седмица ја заработува најплатениот играч во Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк.

Според медиумите, раководството на Ливерпул отфрла каква и да е можност за исполнување на барањето на Салах и е подготвено да му дозволи на египетскиот напаѓач да замине од „Енфилд Роуд” за сума од 70 милиони евра.

За еден од најдобрите светски фудбалери интерес покажува европскиот првак Реал Мадрид.