January 23, 2020 05:24
Спорт

Ливерпул го победи Ватфорд, но остана без Ваиналдум

Ливерпул го совлада Вотфорд со 2:0 на отворањето на 17.коло на Премиер лигата.
На мечот одигран на „Енфилд“ двата голова за „црвените“ ги постигнаа Мохамед Салах, првиот во 38.минута по асистенцијата на Мане, а вториот во последната минута со пета по обидот на Ориги.
Вотфорд, предводен од новиот менаџер Најџел Пирсон, одигра фантастичен натпревар и судејќи по пропуштените шанси, заслужи барам бод на ова гостување на „Енфилд“.
Играчот од средниот ред на Ливерпул,  Џорџино Ваиналдум не можеше да ја заврши средбата поради проблеми со тетивата, објавија британските медиуми. Во 59. минута, на теренот на местото на Ваиналдум влезе Енди Робертсон. Повреда може да биде сериозна пречка Ваиналдум да учествува на Светското клупско првенство кое веќе се игра во Катар и ќе трае до 21 декември.
Актуелниот европски шампион ќе игра директно во полуфиналето, закажано за 18 декември, и тоа против победникот од мечот во кој играат мексиканскиот Монтереј шампионот од КОНКАКАФ и домаќинот односно првакот на Кувајт, Ал Саад.
Во првото полуфинале на 17 декември, јужноамериканскиот првак односно победник на „Копа Либертадорес“ бразилски Фламенго, за противник ќе го има подобриот од дуелот, кој е во тек, меѓу азискиот шампион Ал Хилал од Саудиска Арабија и африканскиот првак Есперанце од Тунис

 

 

Нови вести

Познати се сите полуфиналисти на ЕП во ракомет

Filip

Агентот на Бејл: Зошто еден од најдобрите играчи во светот би се согласил на изнајмување?

Filip

Ќе му плаќам на Кими да не си замине, се шегува Хамилтон

Filip