January 16, 2021 07:30
Свет

Либерман: Плановите на Нетанјаху се поопасни од она што се случи во САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира хаос во Израел поопасен од она што се случи во Капитол Хил, јави новинската агенција „Шехаб“ цитирајќи го поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман.

„Она што го видовме на Капитол не е ништо во споредба со она што го подготвува Нетанјаху ако почувствува дека ќе изгуби на изборите“, рече Либерман.

Либерман тврдеше дека Нетанјаху претходно издал наредби за отрлање на изборите.

„Јасно е дека тој подготвува сценарио во случај да изгуби“, нагласи тој, истакнувајќи дека ќе спроведе нешто што може да биде посурово од тоа што се случи во САД.

Во средата, стотици приврзаници на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, извршија упад во Конгресот предизвикувајќи хаос, оштетувајќи мебел и тврдејќи дека резултатите од изборите се лажни. Најмалку четири лица починаа во или во близина на американскиот Капитол како резултат на немирите, соопшти полицијата.