December 3, 2022 11:21
Свет

Либанскиот парламент не успеа да избере наследник на претседателот Мишел Аун

Либанскиот парламент денеска не успеа да избере нов шеф на државата, кој ќе го наследи актуелниот претседател Мишел Аун, на кого  мандатот му завршува на 31 октомври, пренесуваат британските меидуми.

Претседателот на парламентот Набих Бери соопшти дека ќе свика нова седница откако ќе се постигне консензус за заеднички прифатлив кандидат.

Повеќето од гласачките ливчиња на пратениците присутни на денешната седница, или 63 од нив, останале празни, а христијанскиот политичар Мишел Моавад добил подршка од само 36 од вкупно 122-та пратеници кои присуствуваа на гласањето.

Доколку не се постигне консензус за заеднички прифатлив кандидат, претседателската функција ќе остане празна кога ќе заврши мандатот на Аун, а тоа се случува во време на длабока финансиска и политичка криза во земјата, наведуваат британските медиуми.

Либан е единствената земја на Блискиот Исток која секогаш избира шеф на државата од христијанската заедница .

Очекувајќи претседателски вакуум, политичарите во Либан ги засилија напорите да се договорат за нов кабинет, на чело со сунитскиот муслимански премиер Наџиб Миката, кој во моментов е со технички мандат, и на кого може да преминат претседателските овластувања се додека не се избере нов претседател на земјата,пренесуваат британските медиуми.