August 22, 2019 09:57
Спорт

ЛЕ: Фенербахче со минимална победа над Зенит

Тимот на Фенербахче го победи руски Зенит со 1:0 во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа.

Ислам Слимани го реализираше единствениот гол на натпреварот во 21 минута, а Роберт Мак пропушти пенал за гостите од Санкт Петербург.

Фенербахче е во неочекувано лоша позиција во турското првенство, откако во моментов е на 14 место од вкупно 18 екипи, но вечерва најде сила да ги израдува своите поддржувачи.

Зенит разочара со својата игра и не успеа да постигне позитивен резултат за тимот.

Нови вести

Лил заинтересиран за Ренато Санчез

Igor

Навас побара да си замине од Реал

Igor

Олимпијакос најубедлив во плејофот од ЛШ

Igor