February 16, 2019 17:12
Фудбал

ЛЕ: Арсенал му гостува на Карабах,Милан на Сан Сиро против Олимпијакос

Откако бевме сведоци на уште едно возбудливо коло во ЛШ, на ред доаѓа и второто коло од Лига Европа, кое ќе започне денеска во 16:50 часот со дуелот помеѓу Астана и Рен.

Во првите 24 натпревари од ЛЕ, одиграни во рамките на првото коло, видовме 65 гола, а најмногу постигна Севиља која на домашен терен го прегази Стандард Лиеж со убедливи 5:1.

Кога станува збор за натпреварите кои не очекуваат вечерва, интересна средба не очекува на Сан Сиро, каде Милан во рамките на групата Ф ќе го пречека Олимпијакос. Милан во првото коло многу потешко од очекуваното го совлада дебитантот Дуделанш од Луксембург со 1:0 на гости, додека Олимпијакос одигра 0:0 против Бетис на свој терен.

Челзи вечерва од 21:00 часот ќе го пречека унгарскиот клуб МОЛ Види во групата Л, додека Арсенал во рамките на групата Е ќе му гостува на Карабах од 18:55 часот.

Возбудливо би можело да биде и во Салзбург, каде домаќините го пречекуваат Селтик вечерва од 18:55 часот. Ќе биде тоа дуел помеѓу два тима со максимален број на поени во групата Б.

Интересно е тоа што Арсенал денеска ќе одигра натпревар на своето најдалечно гостување во клупската историја, кога станува збор за официјалните натпреварувања. Лондонскиот клуб помина 4.000 километри до Баку.

Овој ден посебно ќе го паметат Месут Озил од Арсенал и Ивановиќ од Зенит, бидејќи и двајцата ќе ги одиграат своите 100-ти натпревари во рамките на натпреварувањата кои ги организира УЕФА.

Related posts

Познати се четвртфиналните парови: Овие осум репрезентации ќе се борат за тронот

24info

Телото на Сала уште не е најдено, а веќе летаат закани со тужби

24info

Кардиф бараат начин да не го платат обесштетувањето за Сала

24info