October 17, 2019 08:10
Магазин

Лејди Гага го откри името на својот нов албум

Познатата пејачка Лејди Гага (33) откри дека ќе го именува својот нов албум по британската пејачка Адел.

Гага преку „Твитер“ ги извести своите 79,5 милиони следбеници дека албумот ќе го носи името Адел, што многумина ги одушеви и предизвика низа коментари.

„Следниот албум ќе го наречам Адел“, напиша Гага на својот твит и доби повеќе од 392.000 лајка.

Гага и Адел никогаш не соработувале, но се фотографираа заедно зад сцената на доделувањето на наградите „Греми“ во 2017 година. Исто така, познато е дека овие две пејачки немале несогласувања и дека меѓусебно многу се почитуваат.

Нови вести

Huawei ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година

Valentina

За заситените гледачи телевизиски канал без вести за Брегзит

zane

Сестрата на Амал Клуни ја нарушува репутацијата на познатата адвокатка

zane