August 12, 2022 02:10
Македонија

Лефков:  Со протестот на 18 јуни ќе се стави крај на оваа Влада која работи само за лични интереси  

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на радио Лидер зборуваше за  протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го најавува за 18 јуни и укажа дека целта на тој протест е конечно да се стави крај на оваа Влада затоа што владата не работи за интересот на граѓаните, за народот,  туку ова е Влада која работи само за личен интерес.

-Секогаш против недемократијата мора да се борите со демократски методи, во таа насока сега големиот протест ќе биде на 18 јуни, која е целата идеја која ја започнавме? Најпрво најавивме дека ова не е трка на 100 метри, гледате дека тие сериозно се заглавени во криминал. Ова Влада не е Влада за интересите на граѓаните, ова Влада е само за лични интереси и тие немаат намера така лесно да се откажат. Ние започнавме со активна блокада во Собрание, ние не блокираме, туку секогаш кога сакате да изразите некоја сложена идеја мора да користите идиом затоа велиме активна блокада, рече Лефков во своето гостување.

Во врска со најавениот протест Лефков  посочи дека ова е протест за сите незадоволни граѓани без разлика на својата припадност.

-Она кое и е потребно на Македонија и ние апелираме е потребен протест против ова ненародна власт во која ќе учествуваат сите, тука мислам и на Македонци, Албанци, Турци, Роми на сите кои се незадоволни од оваа власт, затоа што кога не задолжуваат, задолжувањето не бира партиска припадност, затоа што кога немаме здравство, кога ни гореа живи луѓе, огнот не бираше дали тие се од една или друга или трета партија, токму поради тоа протестот на 18 јуни е протест за сите граѓани,  кажа тој.

Пратеникот Лефков во текот на своето гостување говореше и за организацијата на протестот  и објасни дека протестот ќе биде добро организиран  и ќе се употребат разни мерки, методи и начини со што премиерот Димитар Ковачевски ќе види толпа луѓе кои се незадоволни од нивните политики.

-Протестот ќе биде беспрекорно организиран, до тој момент ќе го искористиме со повеќе мерки, методи и начини да апелираме и да ни се вклучат сите граѓани. Ние на 18 јуни ќе отидеме пред Влада за да види премиерот Ковачевски како изгледа таа маса на луѓе затоа што него го бираа онлајн , тој не видел, не говорел пред голем број на луѓе, додаде пратеникот.

Лефков зборуваше и за однесувањето на Талат Џафери во Собрание и рече дека единственото решение за спас од Талат Џафери кој е олицетворение на власта составена од СДСМ и ДУИ се предвремени парламентарни избори.

-Јас ве уверувам дека нема потреба од сето тоа, има само едно решение, а тоа се викаат предвремени парламентармни избори, затоа што работата е премногу сериозна за да ја спуштиме на ниво на мајтапи, да даваме досетки за тоа како можеме да се спасиме. Навистина е сериозно кога првиот меѓу еднаквите, кога спикерот на Собранието се дрзнува да прави вакви неделовнички, противуставни, против законски постапки, затоа што живееме во држава во која што ја урнисавме економијата, имаме урнисано здравство, гледаме што се случува на надворешен на меѓународен план и од друга страна, сега дозволуваме Талат Џафери, односно тоа не е само Талат Џафери, тоа се СДСМ и ДУИ. За жал, нивното грдо лице е олицетворено токму преку ликот и делото на она што го прави Талат Џафери, усмеваме да го урнисаме и она што го градевме на демократски план, рече Лефков.

Лефков вели дека ова не е прв и единствен случај каде што претседателот на Парламентот ги заклучува пратениците во сала, но овој пат благодарение на видеото објавено на социјалните мрежи, целата македонска јавност имаше можност да го види недоличното однесување и постапки на Талат Џафери.

-Ние алармиравме дека и претходно се случи истото, но овој пат благодарение на објавеното видео пошироката јавност имаше можност со свои очи да го визуелизира настанот со заклучувањето на пратениците. Тоа се случи на 11 овој месец кога сакавме да се пријавиме за реплика на колегата Фатмир Зендели, исто така Талат нареди да бидат заклучени вратите. Иако, ако го погледнете Деловникот на Собранието, членот 69 вели дека за реплика можете да се јавите се додека првиот репликант не започне со својот говор. Откако заврши со говорот колегата Фадил Зендели, Талат Џафери нареди “затворете ги собраниските врати” и ние бурно изреагиравме. Меѓутоа, она што сакам да ви го кажам дека Талат Џафери е спикер, претседател на Собранието, неговите постапки, најпрво целосно ги следи режијата, кадарпт секогаш е насочен кон него и затоа јавноста не ја виде нашата бурна реакција. На овој начин се руши демократијата, затоа што тоа е највисокиот законодавен дом кој треба да биде домот на демократијата”, истакна Лефков.