December 1, 2022 17:35
Македонија

Лефков призна дека Ковачевски нема поврзаност со фирмата, очајни се фабрикувањата на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се изгуби во сопствените конструкции и фабрикувани лаги со кои неосновано го напаѓаше претседателот Димитар Ковачевски.

Денеска пратеникот Миле Лефков на прес – конференција призна дека Ковачевски нема никаква поврзаност со фирмата што ВМРО-ДПМНЕ ја спомнува.

Миле Лефков наместо да извршува нарачките од неговиот шеф, да побара од Мицкоски, струјата од хидроцентралите бесплатно да им ја отстапи на граѓаните.

Ете им шанса на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат одговорност и да им помогнат на граѓаните во време на светска економска и енергетска скриза.