Спорт

Лесна победа на Еурофарм Работник против Металопластика

Ракометарите на Еурофарм Работник неочекувано лесно го совладаа српскиот претставник во СЕХА-лигата, Металопластика од Шабац.

Во првото полувреме домашните имаа предност од 15:8, а на крајот од средбата гостите беа декласирани со 32:21.

Битолските “фармацевти” играа тимски, а посебно се истакнаа бековите Јотиќ и Остроушко, како и голманот Митревски кој во 9-тата минута постигна гол. Во гостинскиот тим немаше ракометар кој остави посебен впечаток кај ракометната публика.