October 15, 2019 21:11
Спорт

Леклер најбрз во Монца

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 возена попладнево на Монца за Големата награда на Италија. Тој успеа да ја искористи пол-позицијата и триумфира втор пат по ред пред големите конкуренти.

На второто место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Леклер долго време одолеваше на притисокот од Хамилтон, направи само една грешка кога на крајот од старно-целната рамнина му блокираше тркалото при запирање па мораше да ја пресече шиканата. Како одминуваше времето, се потрошија гумите на Британецот кој направи грешка на истото место и ја загуби втората позиција од тимскиот колега Ботас, кој во последните 10 круга го напаѓаше првото место.

Но Леклер одолеа и на притисокот од Финецот и на крајот мина прв низ целта за голема радост во гаражата на Ферари и на трибините. За Луис Хамилтон мала утеха е тоа што го доби дополнителниот бод за најбрз круг. Кога актуелниот шампион виде дека е „залавен“ на третата позиција, влезе во бокс по свежи пневматици.

Леклер на Ферари му ја донесе првата победа во Монца по девет години.

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 284 бода, Ботас има 221, Себастијан Фетел 185, Леклер е четврти со 182.

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 22 септември во Сингапур.

Нови вести

Леклер: Среќен сум што имам клупски колега како Фетел

Igor

Малдини: Освоив пет титули во ЛШ, но сите го паметат само Истанбул

Igor

Панчев: Модриќ не е најдобар фудбалер во историјата на Хрватска

Igor