June 17, 2019 17:11
Живот

Лекарот заплакал кога слушнал што оваа жена преживеала на неговата операција

Лекарот заплакал кога слушнал што оваа жена преживеала на неговата операција

На Дона Пенер требало да и се направи честа операција на стомакот, а подготовките поминале во најдобар ред. Хирузите и  објасниле дека ќе добие општа анестезија за уште полесно да помине лапараскопијата, да се направи 3 или 4 реза, да се стават инструментите и да се провери зошто таа има обилна менструација.
Таа 2008 година, Дона имала 44 години и имала причина за загриженост да не има некоја малигна болест. Операцијата добро поминала. Анестезологот и ставил маска на лицето, кога вдишила, набрзо заспала како што и било планирано.
Одеднаш кога се разбудила, слушнала некои шеги во операционата сала. Слушнала разговор на луѓе и звукот на апаратите и била уверена дека се добро ќе помине.
– Дајте ми скалпел, била реченицата која променила се. Сфатила дека операцијата само што требала да започне.
Не можела ништо да направи бидејќи била под влијание на паралитика  која спречува движење на сите мускули на телото.
Дона почнала да паничи и работите тргнале на полошо. Го почуствувала првиот рез.
-Немам зборови со кои би можела да ја опишам болката. Беше страшно, раскажала таа за BBC.
Сакала да каже нешто, да помрдне со било кое мускулче, но не можела. Била до таа мера парализирана што не можела ни да плаче.
– Слушнав како работат на мене. Го слушав нивниот разговор. Ги почуствував сите резови, а почуствував кога ги ставија иснтрументите во мене, зборува Дона.
Операцијата траела сааат ипол, а таа за тоа време била целосно будна и целосно парализирана. Приказната да биде уште полоша, цело време била приклучена на апарат за дисење која ја одржувал во ритам од 7 вдиѓувања во минута.
Срцето и лупало се брзо и брзо, а дишењето и било константно. Почнала да се гуши и почуствувала како белите дробови и горат. По некое време почуствувала дека паралитикот попушта и успеала да ја извади цевката со која Дона ја одржувале во живот. Почнала да се гуши бидејќи не можела да дише.
Почуствувала како го напушта телотот и почуствувала нечива присутност. „Што и да се случи, со тебе се ќе биде во ред“, рекол непознат глас.
– Слушнала глас од анастезолог кој рекол: Ставете и ја маската.
Почнале да и ставаат воздух во белите дробовви и таа почнала да си доаѓа на себе. Подоцна, кога хириргот ја посетил, му раскажала се што и се случило.
Тој се расплакал и само рекол дека многу му е жал. Дона по операцијата со месеци посетувала писхотерапевт.
– Не знаев кој ден е во неделата кога излегов од операционата сала, толку многу бев ментално уништена“. Во меѓувреме ја тужела болницата и тужбата била во нејзината корист.
– Не ја кажувам мојата приказназа да вперам со прст и да зборувам дека некој е виновен. Сакам да им помогнам на луѓето да сфатата дека и такви работи се случуваат. Сакам повеќе луѓе да дознаат за тоа и нешто добро да излезе од мојот ужас, рекла Дона.

Нови вести

Татко се расплакал кога го видел одговорот на својот син на еден училиштен тест

24news

Побожен пчелар ставил икона во кошица, кога ја отворил, видел чудо

24news

Чудо во манастирот „Крка“: Плаче икона на свети Архангел Михаил

24news