February 23, 2019 08:32
Фудбал

Легендата на Галатасарај нов тренер на Шкупи

Легендата на Галатасарај нов тренер на Шкупи

Легендарниот турски фудбалер, Умит Каран е промовиран во нов тренер на Шкупи.

Станува збор за 41-годишен поранешен репрезентативец на Турција кој е легенда на Галатасарај каде што играше во период од 2001 до 2009 година, а своевремено беше и капитен на клубот од Истанбул.

Во кариерата играше и за Генчелиберг, Анкараспорт и Есикшехир. Каран ќе има тешка задача со тимот на Шкупи кој сезонава започна релативно лошо.

„Доаѓам во еден од најдобрите клубови во Македонија и тоа е огромна чест за мене. Шкупи како тим има огромен потенцијал и верувам дека заедно ќе успееме да ја надминеме оваа резултатска криза и екипата во новата сезона да ги исполни своите цели и амбиции а тоа секако е излез на европската сцена“– истакна Каран на вчерашната промоција во Чаир.

Related posts

СП 2018: Новата голема Франција или златната генерација на Белгија?

24info

Аспас: Реал Мадрид? Помина мојот воз…

24info

Адеми и Динамо испишаа историја, Милан преживеа во Севилја

24info