December 16, 2019 08:33
Спорт

Лев именуваше шест европски селекции подобри од Германија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не го смета неговиот тим за фаворит на Европското првенство 2020 година.

– Репрезентации како Англија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Холандија се подобри од нас. Тие веќе искусија преоден период помеѓу генерациите. Не сметам дека сме фаворити за триумф на Европското првенство, изјави Лев.

Тој им оддаде признание на своите избраници за избореното учество на ЕУРО 2020.

– Моравме да направиме многу промени, бидејќи повеќе од десет луѓе беа повредени. И покрај ова, ние сепак квалификувавме, нагласи предводникот на „панцирите”.

Германија на едно коло пред крајот во Ц-групата е прва на табелата со 18 бода, пред Холандија која има 16. Следуваат Северна Ирска со 13, Белорусија со 4 и Естонија со 1 бод.

Нови вести

Сари: Нашето напаѓачко трио е во одлична форма

zane

Елмас и македонското знаме на календарот на Наполи

zane

МЗТ Скопје против Кожув ја продолжи победничката серија на домашен терен

zane