December 10, 2022 06:45
Спорт

Левандовски се надева на „Златната топка” во дресот на Барселона 

Полскиот фудбалски гол-мајстор Роберт Левандовски одлично стартуваше во дресот на Барселона, откако ова лето ги замени Германија и Минхен со Шпанија. 

Во првите осум натпревари во сите конкуренции во дресот на Барселона постигна 11 голови и се надева дека оваа сезона би можел да биде во конкуренција за освојување на „Златната топка”. 

Левандовски изминатите години постојано беше во најтесна конкуренција за награда но не успеа да ја освои. 

Чувствувам како да сум во Барселона веќе долго време. Не очекував дека навивачите толку брзо ќе ме поддржат. Барселона е клуб кој изнедри најмногу освојувачи на „Златната топка” во историјата, а јас мислам дека патот до таа награда е пократок кога стѕе тука отколку во Баерн, изјави полскиот голгетер. 

Левандовски во летниот преоден рок прејде во Барселона од Баерн Минхен во трансфер вреден околу 50 милиони евра.