December 3, 2022 09:37
Спорт

Левандовски за минимален триумф на Барселона во Мајорка

Барселона можеби не блескаше, но успеа да дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Мајорка во рамки на 7.коло во Ла Лига.

Каталонците до шестата победа по ред во првенството стигнаа благодарение на единствениот гол постигнат преку Роберт Левандовски во 10.минута по асистенција на Ансу Фати.

Каталонците привремено ќе избијат на првото место на табелата со 19 бодови, еден повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид, кој утре ја пречекува Осасуна.