February 2, 2023 02:07
Спорт

Леброн Џејмс го надмина Меџик Џонсон на вечната листа асистенти 

Одличните изданија на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс му донесоа изненадувачки триумф на Лос Анџелес лејкерс над Милвоки од 133-129  на гостински терен. 

Дејвис го заврши натпреварот со 44 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 28 поени и 11 асистенции. 

Со тоа Џејмс дојде до бројката од 10.144 додавања во кариерата и ја прескокна на вечната листа легендата на Лејкерси, Меџик Џонсон, со кого до синоќа го делеше шестото место.