June 28, 2022 14:18
Македонија

ЛДП ќе излезе од владата ако биде прифатен францускиот предлог

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вчера кажа дека за него не е прифатлив „Францускиот предлог“ за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија, а денеска најави дека ќе го преиспита своето учество во Владата.

За ЛДП, Демократскиот сојуз и ДОМ овој предлог не е прифатлив и Милевски кажа дека ќе ја напуштат Владата доколку истиот биде прифатен.

„Најпрво сме разочарани затоа што сме од иста Влада. Вакви предлози требало да се искомуницираат меѓу партиите. Ако тие мислат дека не сме важен фактор, тогаш се излажале. Ако Владата го прифати овој предлог, моето место нема да биде во таква Влада. Не можам да седам со луѓе кои не го почитуваат моето мислење. Не можам да прифатам цела историја, која сме ја учеле во основно и средно, да се измени и да кажеме дека е лажна, дека ни ја наметнале комунистите. Сега Бугарија сака да ни наметнува друга историја, за Самоил, Кирил и Методиј и останатите и да каже дека тие се Бугари“, вели Милевски.

Поврзани вести

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема

Valentina

go88 ông đồ go88 club ios go88 cổng 2

sunwin homepage sunwin live link tải sunwin cho ios