Либерално-демократската партија, којашто заедно со ДОМ е дел од владината коалиција, очекува премиерот Зоран Заев да ја информира за договорот со Алтернатива, за потоа партијата да одлучи дали тоа е прифатливо.
„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста, бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговорите со ЕУ и целата енерија на политичките чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем, којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните, наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени,“ изјави денеска лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
„Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ, додаде лидерот на ЛДП.