Македонија

ЛДП го обвини Мицкоски дека се обидува да им направи пуч во партијата

Либерално демократската партија го обвинува опозицискиот лидерот, Христијан Мицкоски дека се обидува да направи пуч во нивните редови. Од ЛДП велат:  јасно е оти актуелниот директор на Универзална сала, кој во јавноста ги пласира невистините за претседателот на ЛДП, е во тесна спрега со опозицијата.

ЛДП, јавно ја повикува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ги објави финансиските извештаи за работењето на Универзална сала, особено делот за незаконско работење , за кој беше обвинуван актуелниот директор на прес конференциите на ДПМНЕ, за време на изборната кампања.

„Срамно е што киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување на штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив „подобен“ претседател кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ. Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците, ниту бил кој друг член на раководството на ЛДП, не можете да ги заплашувате со вакви лаги кои ги пласирате преку соопштенија, бидејќи своите функции ги обавуваат чесно, во согласност со законите“, велат од ЛДП.

Понатаму додаваат дека довербата на граѓаните не може да се добие со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Attack on Titan Season 3 (Dub)

AnimeFreak Komi Can’t Communicate Episode 7

AnimeFreak My Hero Academia Season 5 (Dub)

dubbed anime AnimeFreak Attack on Titan (Dub)

My Hero Academia Season 2