Спорт

Ла Лига отвори истрага за забавата на Меси и неговите соиграчи

Раководството на шпанската фудбалска Ла Лига отвори истрага против капитенот на Барселона, Лионел Меси, но и останатите фудбалери од клубот затоа што организирале забава во услови на пандемија по победата над Валеснија од 3:2.

Според здравствено безбедносните правила забрането собирање на повеќе од шест лица.

Оваа ситуација е различна од таа со фудбалерите на Атлетико од пред неколку дена, зашто тие ја најавиле нивната забава и оставиле други потребни информации на Ла Лига.

-Фудбалерите на Атлетико ја известија лигата и клубот за бројката на учесници, каде и што ќе се прави и така ги испочитуваа правилата. За оваа забава на Меси дознавме од медиумите и тоа не е добро, соопштиле од Ла Лига.

 

AnimeTV animes online: Dragon Ball Super Episode 131

4Anime god of highschool 4anime: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 13