October 26, 2021 02:09
Магазин Македонија

Ла Дама и Борка: За самопрегледување на рак на дојката ви е потребно исто толку време колку и за облекување на хулахопки

Самопрегледот за рак на дојката трае исто колку и облекувањето на хулахопките кај жените!, токму со ова пораката македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама, а во соработка со здружението Борка, ја започнува општествено одговорната кампања за борба против ракот на дојката.

Од денес на Светскиот ден без градник, па се до 13-ти ноември, за секој купен пар Ла Дама хулахопки, ќе бидат донирани по 1 денар на Здружението за борба против рак Борка – за секој нов ден. Хулахопките Ла Дама можат да се најдат во националните ланци на супермаркети (Тинекс, Веро, Рамстор, Кит-Го и Вива Фреш).

– Ние, како женски бренд, сакаме да дадеме наш придонес во борбата со ракот на дојката. Сакаме да апелираме дека самопрегледот е круцијален дел од превенцијата на ракот на дојка и доколку почувствуваме промена треба навремено да направиме преглед. Денеска ја започнуваме кампањата бидејќи е Светскиот ден без градник така што ги покануваме сите Ла Дами да ни се приклучат, тоа може да го сторат со купување на пар хулахопки, во националните ланци на маркети каде што е застапена Ла Дама, а набрзо и во онлајн продавницата ladama.mk, велат од македонскиот бренд Ла Дама.

Кампањата е од едукативен карактер и содржи информации за сите жени за да може правилно да се информираат за превенција и борбата против ракот на дојка

– И благодариме на Ла Дама која се приклучува и дава свој придонес во подигнувањето на јавната свест за ракот на дојка како потенцијално излечива болест. Сметаме дека ваквите општествено одговорни акции се многу значајни, не само од финансиски аспект, туку многу повеќе заради тоа што гледаме дека се повеќе компании се охрабруваат гласно да зборуваат и да помогнат во менувањето на здравствените навики кај луѓето. Ние во Борка, постојано апелираме дека самопрегледот, навремените контролни прегледи и навремената дијагностика се клучни во намалувањето на смртноста од ракот на дојка, изјави Биба Додева, претседателка на Здружението Борка.

Website https://wcostream.cc: Watch Danganronpa: The Animation wcostream Episode 13 watch anime free

Website https://animeheaven.pro: Watch Teasing Master Takagi-san Season 2 (Dub) animeheaven Episode 12 watch anime online

Website https://4anime.biz: Watch Gall Force: New Era (Dub) 4anime Episode 2 4anime heroes rising

AnimeFLV: Alice or Alice anime episode 12 online free at https://animeflv.uk animeflv

AnimeDao: Overlord: Ple Ple Pleiades 2 anime episode 13 online free at https://animedao.nl anime dao