October 16, 2019 00:33
Балкан

Лајчак: Ниту еден народ во БиХ не смее да биде исфрлен од игра

Претседавачот со ОБСЕ Мирослав Лајчак изјави дека БиХ мора да го задржи принципот еден народ да не може да биде надгласан и исфрлен од игра, затоа што тоа би било опасно за земјата.

– Ако се сака да се зачува БиХ, еден народ не може да биде надгласан и исфрлен од игра, рече Лајчак.

Тој нагласи дека поминало времето кога одлуките, наместо политичарите на БиХ, ги носела меѓународната заедница и истакна дека целта не е продолжување на некој меѓународен протекторат, туку помош со цел БиХ да стане целосно самостојна.

Министерот за надворешни работи на Словачка за „Вечерњи лист” изјави дека на овие подрачја е постигнат успех кога САД и ЕУ нашле заеднички јазик и настапиле координирано.

Нови вести

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Igor

Лудовик Орбан номиниран за премиер на Романија

Igor

Венецијанската комисија го собори Рама

Igor