December 8, 2021 14:59
Спорт

Лапорта е сигурен дека Барелона ќе го добие „Ел Класико“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од шпанската фудбалска Ла Лига против најголемиот ривал Реал Мадрид што ќе се одигра на „Камп Ноу“.

– Имам добро чувство. Победивме два меча, играчите закрепнуваат. Фати и Агуеро се вратија, играме пред нашите навивачи. Сакам да ги расположам навивачите, бидејќи шоуто ќе биде одлично. Ако го победиме Реал, ќе биде супер, ќе славиме. Оптимист сум и уверен дека ќе победиме, рече Лапорта.

Големото дерби на шпанскиот и европскиот фудбал познато како „Ел Класико“, Барселона – Реал Мадрид е закажано за в недела во 16:15 часот.