Спорт

Лапорта: Барселона ќе се бори до крај за титулата

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта ги охрабри играчите по синоќешниот пораз од Реал Мадрид порачувајќи им оти допрва претстои разврска во трката за титулата во шпанското првенство.

Лапорта со ниту еден збор не го коментираше судењето на вчерашното „Ел класико”, изразувајќи оптимизам дека Лионел Меси и соиграчите ќе го надминат поразот од директниот конкурент за титулата.

– Имаме осум натпревари до крајот на сезоната да ја постигнеме целта и да ја освоиме титулата во Ла Лига. Немам сомнеж дека екипата ќе се бори до самиот крај, напиша Лапорта на својот твитер-профил.

За разлика од претседателот, тренерот на Барселона Роналд Куман жестоко ги нападна судиските одлуки, особено реагирајќи на недосуден пенал во финишот на натпреварот за неговата екипата.

Реал Мадрид со вчерашниот триумф од 2:1 врза три победи во серија во „Ел класико” првпат од 1978 година, а воедно го презеде и водството во Ла Лига со 66 бодови, колку што има и градскиот ривал Атлетико Мадрид, но со натпревар помалку, додека Барселона е третопласирана со бод помалку.

ANIMEFLIX fairy tail animeflix: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 11 (https://animeflix.nl/m/RVJ1/ep-11)

AnimeFreak watch anime online: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 12