September 18, 2021 16:39
Македонија

Лапе ќе се жали за „Тортура“: Во демократски и цивилизирани општества ваквото апсење е забрането и санкционирано

Обвинителот Љубомир Лапе кој го водеше случајот „Тортура“ за апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски најави жалба на одлуката на Кривичен суд да ги ослободи од обвинение поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и шестмината поранешни „алфи“ со образложение дека обвинителството не ги докажало делата за кои ги товари обвинетите.

Лапе останува на ставот дека обвинението било доволно прецизно и во него детално биле опишани сите дејствија.

-Во модерните демократски и цивилизирани општества ваквиот начин на лишување од слобода е забранет и санкциониран. Судот пропушти да ги санкционира сторителите при јасни и недвосмислени докази. По добивање на пресудата секако дека ќе вложиме жалба особено што сметам дека е испратена една погрешна порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит,рече обвинителот.

Претходната одлука на судот да не донесе пресуда и да ја преотвори постапката за Лапе е еден вид на увертира во сегашниот епилог бидејќи судот самоиницијативно го преотвори случајот без барање на странките.

Во доказната постапка Обвинителството тврдеше дека при апсењето на Бошкоски имало мачење и дека тоа било „реваншизам“. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање.

Според судот, пак, аудио снимките претставуваат лична интерпретација на Мијалков по настанот, што била основа ОЈО да го подигне обвинението, без да се докаже дали Мијалков ја нарачал тортурата, ниту, пак, дека “алфите” ги пречекориле овластувањата.

-Осврнувајќи се на поднесените докази од прислушуваните разговори во врска со овој може да се заклучи дека содржината се однесува на лична интерпретација на обвинетиот Сашо Мијалков за апсењето на Бошкоски, која е искажана по апсењето. Според тоа, не може да биде доказ за поттикнување. Судот не е истражен орган сам да разоткрива кој од обвинетите што направил. Товарот на докажување е работа на странките: на обвинителот, на одбраната. Обвинитело воопшто не ги прецизирал, опишал, а камоли докажал кривичните дела конкретно за секој од обвинетите па на судот му останало нејасно кој од нив што направил, рече судијката Александра Ристовска.

AnimeKisa: Psychic Wars (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in anime sites

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Shining Hearts: Bread of Happiness Specials Episode 6

Forums prosportsdaily: https://forums.prosportsdaily.com/member.php?1017257-animefreakws

Play eslgaming: https://play.eslgaming.com/player/16988407/