November 29, 2022 06:17
Спорт

Лазаров одбра 35 кандидати за европските квалификациски мечеви

Селекторот на машката ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со 35 играчи кои конкурираат да бидат дел од селекцијата на квалификациските мечеви за ЕП 2024. Македонија на 12 октомври во Скопје игра со Луксембург, а на 16 октомври ќе гостува во Ван кај Турција.

Ова ќе бидат први официјални дуели откако на баражот со Чешка репрезентативните кариери ги завршија Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.