April 20, 2021 19:19
Спорт

Лазаров го скуси списокот за двомечот со Данска на 23 ракометари

Македонскиот репрезентативец и селектор на најдобрата машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров го скуси списокот со кандидтите за квалифиакцискиот двомеч од ЕП-2022 со Данска, кој ќе се одигра на 11 март во Скопје и три дена подоцна во Албор. Од поширокиот избор со 35 кандидати, Лазаров го скуси изборот на 23 ракометари.

Меѓу кандидатите се повратниците, крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не играа на СП во Египет, но има и неколку играчи од Пролет и Голден Арт КЛ7 како Михаил Аларов, Емилијан Ѓорговски и Игор Ѓоргиев.

Собирот на репрезентативците е закажан за 6 март во хотелот Александар Палас во Скопје.