January 24, 2021 23:07
Спорт

Лазаров го победи коронавирусот се враќа на тренинзите кај Нант

Македонскиот ракометен интернационалец Кире Лазаров ја доби биткта со коронавирусот и се  враќа на тренинзите во тимот на Нант. Француските медиуми информираат дека македонскиот репрезентативец добил негативен тест на последното тестирање за Covid-19, по што може да му се стави на располагање на тренерот Ентрериос.

Врз Лазаров во текот на денешниот ден ќе бидат извршени детални прегледи, по што тој би можел да се врати на терените на неделното гостување од француското првенство против Данкерк.