December 7, 2019 02:05
Балкан

Лажна тревога за поставена бомба во Белград

Еден припадник на обезбедување во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полиција дека се сомнева оти на паркингот се наоѓа бомба.

Веднаш на местото била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи.

По извршената проверка во подземниот паркинг на трговскиот центар, српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не е пронајдена никаква експлозивна направа и станува збор за лажна дојава.

Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под еден од паркираните автомобили.

Нови вести

Истрага за над 60 градежни компании за земјотресот во Драч

Igor

Судири меѓу полицијата и маскирани лица во Атина

Filip

(видео) Децата кои рипнаа од балкон за време на земјотресот се запознаа со Роналдо

Igor