September 18, 2021 14:46
Балкан

Лагумџија: Во БиХ ќе станеме темен вилает опкружен со ЕУ и Мал Шенген

„Србија, Северна Македонија и Албанија отвораат граници, слободен проток на луѓе, стоки и капитал, но сите возови одат без БиХ, оцени поранешниот политичар и сараевски професор Златко Лагумџија за порталот Кликс.

Тој го критикуваше Претседателството на Босна и Херцеговина затоа што не ја вклучи државата во значајни економски процеси во регионот, наведувајќи дека „сите возови заминуваат без БиХ”.

-Не знам што друго може да се очекува од луѓето што нè водат, а тоа да не биде понатамошен пат во распаѓање без крај. Само во последните 24 часа, Босна и Херцеговина доживеа целосен крах и недостиг на државничко однесување и надворешна политика без каква било  визија и елементарно лидерство, наведе тој.

Лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија се состанаа во Скопје за да разговараат за „Малиот Шенген”, а по успешната средба најавен е „почеток на новата ера на соработка во регионот”, но БиХ не е во тие процеси.

-Рама, Заев и Вучиќ најавија дека се во тек сите меѓународни, правни и технички експертски договори меѓу овие три земји, кои до крајот на следната година ќе ги „избришат” сите меѓусебни граници за слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги. Речиси целата мината година, двајца членови на Претседателството на БиХ беа против „Малиот Шенген”.

Одеднаш, на покана на неколку значајни странци, на 17 септември 2020 година, Претседателството одлучи да ја „поздрави иницијативата или процесот што веќе е во тек меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија и да му наложи на Советот на министри да анализира што значи ова за БиХ, кои се штетите, бенефитите и можните опасности во рок од 30 дена, потсетува Лагумџија, пренесува порталот Кликс.

Помина речиси една година од таа одлука, а нема видливи назнаки дека нешто по тоа прашање е направено .

-Ниту сме слушнале, ниту сме виделе дека нешто е направено по ова прашање за денес да дознаеме дека сите тие возови одат без Босна и Херцеговина, нагласи Лагумџија.

Тој кажа дека „елементарната пристојност и почит кон институциите и граѓаните” бара членовите на Претседателството итно да ги кажат следните чекори во регионалната соработка и да направат било што конкретно на оваа тема”.

-Време е да го прекинеме продолжувањето на ова однесување на луѓето што не водат. Во Спротивно, перспективата на БиХ, а особено на деловите на Федерацијата е да станат Западен Брег и Газа на Европа, кои ќе станат темен вилает опкружен со ЕУ и Малиот Шенген. Време е луѓето што ја водат оваа земја да почнат да се грижат за неа, а не да водат расправии кои служат само за нивниот опстанок на власт, заклучи Лагумџија.

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

WCOStream: Requiem from the Darkness (Dub) anime episode 13 online free at https://wcostream.cc ben 10 alien force wcostream

AnimeFLV - Ver Anime, Ver Anime Online Sub Español en HD

Watch anime online for free at AnimeBee english anime

Openuserjs: https://openuserjs.org/users/animefreakws

Pastebin: https://pastebin.com/u/gogoanimelol