Свет

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат тензиите околу Русија.

„Главната цел на Вашингтон во овој случај воопшто не е судбината на Украина, за нив е важно да ги ескалираат тензиите околу Руската Федерација, да го затворат прашањето и потоа да се занимаваат со Кина, како што пишуваат самите американски политиколози“, рече Лавров.

Тој додаде дека не може да замисли како САД сакаат да ја затворат темата и додаде дека доколку таму останат разумни политички технолози, тие мора да разберат дека овој пат не води никаде, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија изјави дека доколку украинскиот претседател Зеленски сака да разговара за нормализација на односите со Русија, Москва е подготвена. Лавров додаде дека доколку Зеленски сака да разговара за Донбас, тоа треба да го направи во контакт групата, која, според одлуката на нормандискиот формат, треба да ги разгледа сите прашања директно меѓу Киев и Доњецк и Киев и Луганск.

Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се вратат на преговарачка маса и да не ја напаѓаат Украина.

„Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении“, рече Сергеј Лавров во интервјуто емитувано на повеќе руски медиумите.

Тој рече дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.

„Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани“, рече Лавров.

stream anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

My Hero Academia

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 10

Mieruko-chan

AniWatch The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

english dubbed anime Fairy Tail