January 25, 2022 01:32
Свет

Лавров: Најавите за руско нуклеарно оружје во Белорусија се предупредување за Западот

Изјавата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко, за можно распоредување на руско нуклеарно оружје во неговата земја треба да се сфати како предупредување за Западот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Оваа изјава би ја сфатил како многу сериозно предупредување, што е последица, пред се, на непромислената политика што ја води Западот“, рече Лавров во обраќањето пред Горниот дом на рускиот парламент, а пренесува руската агенција „Тасс“.

Кога беше формирана коалициската влада во Германија, медиумите, според Лавров, објавиле дека членови на коалицијата, како дел од владината програма, предложиле повлекување на американското нуклеарно оружје од Германија.

„Господинот Столтенберг (генералниот секретар на НАТО) тогаш рече дека ако Германија не сака нуклеарно оружје на нејзина територија, тогаш НАТО ќе го премести на исток“, посочи Лавров.

Според шефот на руската дипломатија, Лукашенко едноставно реагирал на таквите изјави, кои, како што рече Лавров, се апсолутно неодговорни и имаат за цел да предизвикаат вооружен конфликт.

Рускиот министер оцени и дека доколку Западот не е подготвен за дијалог за безбедносни гаранции, Русија залудно се обидува.

Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин претходно изјавил оти Москва претпочита дијалог, кој ќе резултира со општо прифатливи договори кои ќе обезбедат колективна безбедност, а во исто време и безбедност на секој од учесниците во договорот.

„И ние сме подготвени за тоа. Но, ако нашите западни партнери ја изгубија или ја губат културата на дијалог, културата на наоѓање компромиси, излегува дека тропаме на врата која никогаш нема да се отвори“, посочи Лавров.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

SK8 the Infinity (Dub)

ANIMEFLIX Dragon Ball (Dub) Episode 153

ANIMEFLIX How NOT to Summon a Demon Lord Ω Episode 6

watch subbed anime ANIMEFLIX My Hero Academia Season 5