December 8, 2021 15:34
Свет

Лавров: НАТО треба да го направи првиот чекор

Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Да, тргнуваме од тоа, бидејќи никогаш први не сме ги влошуваме односите ниту со НАТО. ниту со ЕУ, одговори Лавров на прашањето дали Москва верува дека НАТО е тој што треба да го направи првиот чекор кон нормализација во сегашната ситуација.

Според него, историјата на влошување на односите меѓу Москва и Алијансата започнала кога тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили „издал злосторничка наредба за напад врз градот Цхинвали” во 2008 година. Тогаш, потсети Лавров, Русија инсистираше да се свика Совет Русија-НАТО за да се разгледа оваа ситуација, но американскиот државен секретар (во тоа време Кондолиза Рајс) категорично одбила.

– При создавањето на Советот Русија-НАТО во Основачкиот акт е нагласено дека мора да дејствува во секое време, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој додаде дека НАТО ја погреба идејата за консултации со Русија.

– Што се однесува до НАТО, веќе кажав како се започна и како членките на НАТО едноставно го „погребаа” главното правило кое е основа за создавање на Советот Русија-НАТО, односно потребата за итни консултации во кризни ситуации и тоа, генерално, продолжува. Тука не може да се бара логика. Истото се однесува и на оценките кои се слушаат од главните градови на НАТО за нашиот принуден реципрочен чекор. Еден реципрочен чекор за трите чекори на НАТО, констатира Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Москва од 1 ноември ќе ја прекине работата на својата постојана мисија во НАТО, како и на главниот воен претставник, како одговор на одземањето на акредитациите за осум соработници на руската мисија во Алијанса.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 24

Naruto: Shippuden Episode 498

watch subbed anime JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

AnimeHeaven Naruto Episode 218

AnimeHeaven Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 11