February 24, 2021 16:16
Свет

Лавров: Инцидентот со Навални вештачки доби надворешно-политичка димензија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека инцидентот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални вештачки доби надворешно-политичка димензија.

-Случајот Навални доби вештачки надворешно-политички тон, а јас би кажал дека тоа е сосема незаконски, истакна Лавров на прес-конференција за резултатите од руската дипломатија во 2020 година, пренесе Тасс.

Прашан за имиџот на Русија по задржувањето на Навални откако синоќа се врати во земјата, Лавров изјави „прво и најважно е дека ние треба да си ја завршиме својата работа, а нашата работа е да ја спроведуваме надворешната политика на Русија”.

Шефот на руската дипломатија потсети дека притворот на Навални бил во полициска надлежност.

Тој потсети и на изјавите на Навални во кои тврди дека практично бил протеран од Русија. Меѓутоа, рече Лавров, сопругата на Навални и германската Влада инсистираа да се пренесе во Германија.

Лавров истакна дека Западот, под различни изговори, и натаму одбива да и ги предаде резултатите од тестовите на Навални на официјална Москва и посочи дека руската страна не нашла траги од хемикалии во тестовите на Навални и дека нема основа да се поведе кривична постапка, без оглед на тоа што велат другите.

Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 1 (https://animefreak.ws/m/OgdG/ep-1) at website https://animefreak.ws. See more animefreak death note

Fire Force (Dub) Episode 24 at website https://animeflix.nl. See more animeflix free iwatobi swim club