September 22, 2019 16:46
Свет

Лабуристичката партија ќе побара нов референдум за Брегзит пред изборите

Опозициската Лабуристичка партија треба да соопшти дека е против Брегзит и да побара одржување нов референдум со кој пред изборите ќе оневозможи напуштање на Европската унија.

Тоа се очекува денеска да го нагласи Том Вотсон, заменик претседател на Лабуристичката партија во говор што се разграничува со лидерот на партијата Џереми Корбин, јави Би-Би-Си.

Вотсон ќе изјави дека не постои решение што може да се нарече „добар договор за Брегзит” и дека лабуристите треба категорично да почнат кампања за останување во ЕУ.

– Единствениот начин да се излезе од ќорсокакот на Брегзит е народно гласање на референдум, смета Вотсон.

Според него, „парламентарните избори воопшто нема да го решат тој хаос“

Нови вести

Бил Гејтс од почетокот на годинава заработил 16 милијарди долари

Igor

Белгиски Ф-16 се урна во западниот дел на Франција

Igor

Ограбен замок во близина на Париз

Igor