Хроника

Куќен притвор за сопственикот на „Дурмо Турс“ и за возачот на автобусот

Сопственикот на „Дурмо Турс“ ,Дурмиш Белули, како и возач на автобусот во кој загинаа 16 патници кај Ласкраци наместо во затворот во „Шутка“ се во куќен притвор, откако ваква одлука донел судија на претходна постапка, на што се жалело обвинителството, дознава 1ТВ.

Според ОЈО, одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор.

Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на Основен суд Скопје 1.

Возачот е шестоосомничен во случајот, каде сопственикот на „Дурмо турс“ е првоосомничен. Тој не го организирал автобускиот превоз врз основа на законските прописи и му го препуштил раководењето на возниот парк на второосомничениот – раководителот на правното лице. Според истрагата, сопственикот не се грижел за исправноста на тахографот. Исто така, и двајцата знаеле дека не е исправен уредот за сопирање, ама не презеле ништо.

Трето, четврто и петтоосомничениот се вработени во станицата за технички преглед. Во јули и декември 2018 бил извршен технички преглед на автобусот и било забележано дека има проблем со сопирачките, но сепак издале документ дека автобусот е исправен.

Шестоосомничен е возачот, а седмото лице е осомничено дека издало потврда оти тахографот во автобусот е исправен, без да спроведе проверки.

Нови вести

(Фото) Тешка сообраќајка кај пазарот во Аеродром

Igor

Камионџија тешко повреден кај Демир Капија

Daniela

Тинејџер и малолетник тешко повредени во сообраќајка со мотор

Daniela