September 23, 2019 22:29
Забава

Куче херој се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците

Луи е куче старо 12 години кое исчезнало од својот дом. Неговото ненадејно заминување од домот ги вознемирило неговите сопственици, но во вечерните часови се покажало дека немале причина за грижа. Бидејќи нивниот миленик всушност бил во акција на спасување.

Се вратил во својот дом во доцните часови. Изгледал исцрпено и едвај дочекал да легне во својата куќичка. Сопствениците го погледнале со загриженост, а потоа забележале на неговото ремче закачена порака, по која сè им станало јасно.

На пораката пишувало дека Лиу всушност ја спасил кучката на нивните соседи, Меди. Кога забележал дека таа е во неволја, застанал пред домот на соседите и упорно се обидувал да им го сврти вниманието и да ги однесе до местото на кое што се наоѓала Меди. Луи успеал да го однесе соседот кај неговиот миленик, кој бил затрупан со гранки и не можел да излезе.

Со заеднички сили, Луи и соседот успеале да ја спасат Меди. По храбрата акција Луи бил награден и добро нахранет, по што бил вратен кај сопствениците со пораката за благодарност.

Нови вести

Одмор за раскажување: Тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија

Filip

(Видео) Синот на Глорија Вандербилт благодарен што родителите не му го оставиле своето богатство

Filip

Џемперот на Гвардиола продаден за 6.000 фунти

Filip