Спорт

Кутињо одлучи каде ќе игра следната сезона

Заминувањето на Филипе Кутињо од редовите на шпанскиот фудбалски првак Барселона каде не се наметна се чини сигурно ова лето и тој претпочита да се приклучи на англискиот Челси во Премиер лигата, пишува „Мундо Депортиво”.

Според публикацијата, „сините” се еден од трите англиски клубови кои се заинтересирани за поранешниот плејмејкер на Ливерпул, заедно со Манчестер јунајтед и Лестер, додека Њукасл, исто така, има „неофицијален” интерес.

И Баерн Минхен, каде Кутињо игра на позајмица  сезонава има можност да го купи бразилскиот интернационалец за 120 милиони евра на крајот на сезоната, но многу извори посочуваат дека тоа нема да се случи.

За Барселона се вели дека е подготвена да ја продаде поранешната sвезда на „црвените” оваа година за да собере средства, со тоа што играчот нема интерес да се врати во Интер или да му се приклучи на Пари Сен Жермен и сака да се врати во Англија.

Бразилецот постигна 21 гол на 76 натпревари за Барселона, откако пристигна во јануари 2018 година за рекордни 160 милиони евра.