January 17, 2019 12:40
Фудбал

Кутињо во финишот ја спаси честа на Барса

Екпата на Барселона беше поразена од Леванте во првиот меч од осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот со резултат од 2:1.

Леванте подобро го почна натпреварот и уште во четвртата минута Кабако погоди за 1:0 на огромна радост на навивачите, а во 18-тата минута Мајорал го постигна вториот гол за домаќините и ги шокираше играчите и навивачите на Барселона.

До полувремето Каталонците имаа неколку шанси, но без погодоци, а резултатот не се смени до 85-тата минута кога Кутињо од белата точка погоди за 2:1, спасувајќи ја честа на Барселона.

Барселона овој меч го одигра без Лионел Меси и Луис Суарез и сигурно ударната двојка на актуелниот првак на Шпанија ќе добие прилика од првата минута на следниот натпревар.

Related posts

Бонучи ќе се врати во Јувентус, но за тоа требаше да се согласи на една работа

24info

Барса оштетена: На Меси му беше поништен чист гол (видео)

24news

Фудбалска магија од 35-годишниот Рибери

24info